Древен кинески сеизмоскоп навистина регистрирал земјотреси

Иако сѐ уште не можеме точно да предвидиме земјотрес, одамна регистираме, снимаме и мериме сеизмички потреси. Многумина не знаат дека тој процес започнал пред скоро две илјади години со изумот на првиот сеизмоскоп уште во 132 година од страна на кинескиот пронаоѓач Чан Хен. Направата е неверојатно прецизна во далечинско детектирање земјотреси и не се базира на потреси или поместувања на местото каде што е лоцирана.

Старите Кинези не знаеле дека земјотресите се предизвикани од движењето на тектонските плочи во земјината кора. Тие сметале дека нарушувањето на космичките јин и јанг заедно со незадоволството на небесата поради дејствата извршени од владејачката династија се причините за потресите. Со оглед на тоа што старите Кинези верувале дека земјотресите биле важни знаци од другиот свет, за кинеските лидери било важно да знаат кога земјотрес погодува било кој дел од нивното кралство.

Чан Хен бил астроном, математичар, инженер, географ и пронаоѓач кој живеел за време на династијата Хан (25-220 година). Тој е познат по тоа што открил околу две и пол илјади ѕвезди заведени во ѕвездена карта. Но, можеби неговиот најголем изум е сеизмоскопот направен од бронза со дијаметар од скоро два метра.

Осум фигури на змеј биле распоредени кон осумте главни насоки на компасот, а во секој од нив во устата држел мала бронзена топка. Устите биле надвиснати над жаби кои со отворени усти ги чекале топките. Во зависност од која страна доаѓал земјотресот, соодветниот змеј од устата ја испуштал топката во устата на жабата и така Кинезите знаеле отприлика каде во кралството има земјотрес. Сепак, не се знае точниот механизам кој правел топките да паѓаат при потрес иако развиени се неколку теории.

Никој не верувал дека направата навистина функционира сѐ до 138 година кога еден од змејовите испуштил топка. Со оглед на поставеноста на змејот, потресот требало да биде некаде западно од главниот град Луојан. Неколку дена подоцна стигнала вест од Луојан дека имало земјотрес и тоа точно во времето кога направата го детектирала.

Во 2005 година група научници од Ченчоу, родниот град на пронаоѓачот, успеаја да направат реплика на неговиот сеизмоскоп и успешно да регистрираат земјотреси во Кина и Виетнам.

реклама

Чек дис аут

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе