Сообраќајот на аеродромот во Дубаи беше запрен на половина час поради дронови.
Летовите од аеродромот во Дубаи, еден од најпрометните во светот, беа привремено запрени поради недозволени активности со дрон во близина на пистата, пренесува CNN.
Информацијата е потврдена и од портпаролот на аеродромот, Али Заигам. Прекинот траел нешто повеќе од половина час. Патниците го изразија незадоволството на социјалните мрежи.
Проблемот со дроновите кои пречат на воздушниот сообраќај е сè почест, сè повеќе има пријави за дронови кои ги надлетуваат аеродромите. Ова особено е актуелно во Велка Британија и во САД.
Меѓународниот аеродром во Дубаи е трет со најмногу сообраќај. Во 2017 година на него слетале околу 88 милиони патници.