Дрвокрадци претепале шумар, па со моторна пила нападнале шумски полицаец

Дрвокрадци со моторна пила нападнале припадник на Шумската полиција, откако претходно физички нападнале шумар во атарот на охридското село Долно Лакочереј.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, СВР Охрид  поднесе кривична пријава против И.Б. (26) и Р.Ф.(23) двајцата од Охрид.

На 12-ти овој месец околу 19 часот, пријавените физички нападнале шумар - вработен во охридската подружница на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, а потоа и припадник на шумската полиција.

Настанот се случил кај месноста „Тројанско поле“ во атарот на селото Долно Лакочереј каде шумарот В.Б. вршел контрола за противправна сеча на огревно дрво. Тој се обидел да запре патничко возило „Застава 101“ со охридски регистарски таблици, натоварено со огревно дабово дрво, а во кое се наоѓале двајцата пријавени. Тие, откако го сопреле возилото, веднаш му се нафрлиле на шумарот нанесувајќи му повеќе удари со раце и нозе по целото тело, по што со истото возило избегале кон излезот на селото.

По кратко време, нивното возило се обидел да го сопре И.С., припадник на шумската полиција. Забележувајќи го службено возило на Шумската полиција, двајцата пријавени продолжиле да бегаат по друг пат и по кратко време, немајќи каде понатаму застанале во куќен двор. При излегување од возилото, пријавените се обиделе со моторна пила да го повредат шумскиот полицаец ,по што веднаш избегале од местото на настанот.

По преземени оперативни мерки, СВР Охрид ги пронајде и ги приведе И.Б. и Р.Ф. по што извршен е разговор со нив, а во присуство на Јавен обвинител и нивно препознавање од страна на двајцата оштетени. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Хроника

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Read more

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Read more

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more
 

Вести

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе