Државата очекува 100 милиони евра прилив од осумте лиценцирани производители на канабис

Скопје, 26 април 2018 (МИА) - Точно е дека мојот прв братучед Трајче Заев ја купи оранжеријата на фирмата „Мам“, потврди денеска пред пратениците премиерот Зоран Заев и информира дека вкупната инвестиција ќе достигне повеќе од 10 милиони евра, а во моментов се вработени скоро 30 граѓани од Свети Николе.

Одговорајќи на прашање од пратеничката Благица Ласовска, Заев рече дека производството е во тек, а првите берби се очекуваат во периодот јуни/јули кога ќе биде остварен и девизен прилив од извозот.

Според премиерот, етички е и со закон дозволено да се произведува лек од канабис, независно дали станува збор за член на семејството Заеви. Тој воедно апелира, секој што има ресурси да вложи во оваа дејност зашто е профитабилна.

- Се работи за сериозен производствен капацитет. Новите сопственици на „Мам“ се „Елиница“ од Струмица и словенечка компанија која има фабрика за произведување лек од канабис во Германија и Полска. Инвестицијата досега е три милиони евра. Исплатени се обрвските на „Мам“ кон сите што имале побарувања од претходната сопственичка структура, околу 2,5 милинои евра. Подмирени се пред се стопанствениците и институциите во Свети Николе и државата, објасни премиерот.

Докупени се, рече, и акциите на помалите сопственици со што капиталот е комплетиран.

- Целта е да бидат вработени повеќе од 130 граѓани на Свети Николе. Тоа е дејност согласно Законот што го донесе претходната власт - за производство на лек или масло од канабис. Тогаш беше издадена само една лиценца, а оваа Влада издаде уште седум, додека уште четири до пет се во процедура, нагласи Заев.

Тој лично, како што истакна, е поддржувач на вакви работи зашто од производство на лек од канабис државата очекува  нови работни места и 100 милиони евра прилив што е 0,1 отсто од бруто домашниот производ.

- Се е согласно меѓународните стандарди и регулативи. Грманија, Канада и САД во некои држави истото го прави. Се надевам дека кај нас ќе има повеќе инвестиции, а едно од најнапредните е производството во ОХИС. Веднаш после него е производството кај Крушево каде веќе берат цвет заради екстрадирање на маслото од марихуана, информира премиерот, изразувајќи уверување дека Македонија го држи чекорот во оваа дејност и дека ваквите инвестиции ќе и донесат само добро.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе