Демократската унија за интеграција (ДУИ) го повика Ѓорге Иванов да ја повлече или поништи одлуката за аболиција.
„Одлуката директно задира во реформскиот процес започнат со политичкиот договор од 2 јуни 2015, како и Протоколот од 15 јули 2015 и затоа бараме да ја разгледате истата и во најкус можен рок да донесете политичка одлука за надминување на ново настаната ситуација“, велат од ДУИ.
Од оваа партија додаваат дека остануваат посветени на целосната имплементација на Скопскиот Договор и реформската агенда.