Авто новости

Дупка на патот: Како да одбегнете оштетување на фелните и гумите?

4. септември 2019 - 11:28 | А.С.

Налетавте на дупка на патот и не успеавте да ја заобиколите. Застанувате на страна и излегувате од возилото да направите проценка на штетата. Од ударот се оштетени алуминиумската фелна и гумата. Што сега?

Францускиот производител на гуми Michelin и еден од водечките производители на фелни во светот Maxion Wheels пред неколку години смислија технологија на флексибилни фелни наречени Acorus, наменети токму за ваков тип на проблеми на пат.

Иновацијата го доби името по Acorus calamus, мочуришно растение што се витка, но не се кине.

Дизајнот на флексибилниот склоп на фелната е компатибилен со сите патнички гуми на пазарот и не е поврзан само со гумите на брендот Michelin. На тој начин се одбегнува скапа штета предизвикана од дупка или други препреки на патот, како на нископрофилната гума, така и на фелните со поголеми димензии (над 19 инчи).

Коментирај