Дутерте му се извини на Обама поради тоа што го нарече „кучкин син“

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте изјави дека жали за вербалниот напад над американскиот претседател Барак Обама, што предизвика средбата меѓу двајцата државници планирана за текот на оваа недела во Лаос да биде откажана, пишува CNN.

Дутерте, кој вчера го нарече Обама „кучкин син“, во пишана изјава порача дека „жали поради личниот напад врз американскиот претседател“.

„Се надеваме дека ќе ги надминеме разликите кои настанаа поради националните приоритети и перцепции“.

Претходно од Вашингон соопштија дека Обама ќе разговара со Дутерте околу тоа како филипинските власти се справуваат со дилерите на дрога во земјата, вклучувајќи ги и егзекуциите кои филипинската влада ги направила без судски постапки.

„Кој се замислува дека е тој? Јас не сум американска марионета. Јас сум претседател на суверена земја и не сум одговорен пред никого, освен пред филипинскиот народ. Кучкин сине, ќе те пцујам на Форумот“, беше изјавата на Дутерте упатена кон Обама.

Двајцата претседатели требаше да се сретнат неделава на Форумот во Лаос, каде Обама присустуваше на состанокот на лидерите од Југоисточна Азија. Според портпаролот на Дутерте, пак, „заеднички било договорено средбата да се одложи за некој понатамошен датум“.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=J8jmwE2bSaI]
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more
 

Вести

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе