Двајца осомничени за над 50 случаи на кражби во гостиварско

Гостивар, 4 декември 2018 (МИА) – Гостиварската полиција расветли над педесет тешки кражби и поднесе кривична пријава против две лица кои се осомничени дека се сторители. Крадците украдените предмети ги продавале на црни пазари во Албанија и Македонија.

Од СВР – Тетово информираат дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, целосно расчистила 50 тешки и два обида за тешки кражби. До Основното јавно обвинителство Гостивар поднесена е кривична пријава против Р.К. (30) албански државјанин и И.А. (26) од Гостивар.

– Двајцата пријавени се сомничат дека пет кривични дела извршиле во 2017 година, а 47 годинава на различни локации, претежно во Гостивар, Горна Бањица, Дебреше, Чегране, Врапчиште, Градец, Чајле, Мало Турчане, Балиндол, Форино, Топлица, Равен, населбите Фазанерија, Грудајца и на други места, изјави Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Осомничените Р.К. и И.А, биле вработени во една производна работилница во Гостивар во која неодамна беше извршен претрес. Кражбите ги вршеле на тој начин што го користеле отсуството на сопствениците и провалувале во куќи на времено вработени во странство.

Оттаму излегувале со плен што се состоел од златен накит, пари, облека, мобилни телефони, бижутерија, часовници и други технички поизводи. Одземените производи подоцна нелегално ги продавале на купувачи во земјава и Република Албанија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе