Двајца притворени од „Шпион“ пуштени на слобода

Апелациониот суд Скопје вчера попладне достави решение до Основен суд Скопје 1 – Скопје со кое лицата М.Н. и Ц.Д., осудени во предметот во јавноста познат како „Шпион“, им се укинува мерката притвор и истите се пуштени на слобода.

Во 2014 година беше донесена пресуда за овој случај во којшто се осудени главно сегашни и поранешни припадници на разузнавачката агенција, Управата за безбедност и контраразузнавање, како и Министерството за одбрана.

Осудените се товарат дека се занимавале со шпионажа, но и со уцена на влијателни личности во Македонија од кои барале пари за да не им објават детали во јавност од нивните приватни животи.

Во меѓувреме, надлежноста над предметот ја презеде Специјалното јавно обвинителство, кое побара намалување на затворските казни за сите 18 обвинети во случајот „Шпион“, кои главно се товарат за „злосторничко здружување“, „шпионажа“ и „уцена“ на јавната седница во Апелациониот суд на која се разгледуваа жалбите на обвинетите на првостепената пресуда.

СЈО ги смета за неосновани сите останати жалби што ги поднесоа обвинетите по првостепената пресуда на Основниот суд Скопје 1.

Специјалната јавна обвинителка, Елизабета Јосифовска, смета дека казните за сите обвинети се превисоки и престроги, па за дел од обвинетите побара намалување на затворските казни до условна осуда, за дел намалување на нивната висина, а за првообвинетите ублажување на казните.

Според СЈО, пресудата на првостепениот суд е разбирлива, непротивречна, ги содржи сите елементи и доволно причини кои се јасни и кои произлегуваат од докази.

Пресудата во овој случај во Основниот суд Скопје 1 ја донесе судијата Ѓоко Ристов, а обвинител беше обвинителката од обвинителството за криминал и корупција Лиле Стефанова, која сега е дел од СЈО.

Пресудата е напишана на повеќе од 1.000 страници и според неа, обвинетите давале информации за политичката состојба, односите во партиите и меѓуетничките односи на унгарската и на грчката разузнавачка служба.

реклама

Македонија

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Read more

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Read more

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Read more

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе