Долго време траеше истрагата околу случајот со труењето на поранешниот агент Сергеј Скрипал, а неделава Русија излезе со тврдење дека виновниците се откриени. Се работи за Александер Петров и Руслан Боширов, кои биле поврзани со руското министерство за одбрана.
Документите кои ги приложија истражувачките новинари укажуваат на тоа дека двајцата осомничени за труењето во Салисбури имаат формални врски со министерството за одбрана на Русија.
Британските власти ги обвинија Александер Петров и Руслан Боширов за убиство со умисла на Сергеј Скрипал и неговата ќерка, Јулија Скрипал, на 4 март оваа година. Претседателот на Русија, Владимир Путин, ги отфрли обвиненијата дека тие се поврзани со владата и министерствата, но новите докази велат дека едниот од обвинетите поседувал телефон и телефонски број кои биле означени како „врвна тајна“. Кога британското обвинителство го повикало бројот кој бил во телефонот, од другата страна на слушалката било руското министерство за одбрана, кое одбило да даде информации за случајот.
Помеѓу останатите документи кои се поврзани со двајцата Руси е и сметката за купените авионски карти, која укажува дека тие ги купиле картите во последен момент, што би можело да биде искористено во една корист против обвинението дека се работи за планиран напад.
Односите помеѓу Русија и Велика Британија и онака беа влошени, но случајот со труењето на Скрипал дополнително ги влоши односите помеѓу двете земји.