Две бомби експлодираа во Дрезден, нема жртви

Во источногерманскиот град Дрезден вчера вечерта пред џамија и пред меѓународниот конгресен центар експлодирале две бомби од домашна изработка, но нема повредени, соопшти германската полиција.

„Се работи за две поврзани експлозии во кои никој не е повреден и за нападот до сега никој не презеде одговорност, но ние поаѓаме од сомнежот дека мотивот за нападот е омраза кон странците“, вели шефот на полициската управа на Дрезден, Хорст Кретшмер.

Полицијата смета дека нападите се поврзани и со претстојниот празник Денот на германското обединување, 3 октомври, што следниот викенд ќе се одбележи со пригодна прослава токму во тој град.

На зградите на дрезденската џамија и конгресниот центар причинета е помала материјална штета.

За време на експлозијата имамот со негата сопруга и двата сина биле во џамијата, но не се повредени, а поради експлозијата кај конгресниот центар, евакуиран е кафе-барот на блискиот хотел.

Полицијата ги зајакна мерките на безбедност во близина на институции како исламскиот центар.

Отпорот кон бегалската политика на сојузната влада на Ангела Меркел посебно е изразен на истокот на земјата, каде се забележани бројни напади и подметнати пожари на институции поврзани со бегалците.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе