Две нови посебни верзии на Ford Mustang само за Европа

Паралелно со претставувањето на новата генерација на Fiesta, Ford за европските купувачи подготви и две специјални верзии на моделот Mustang. Станува збор за Black Shadow Edition и Blue Edition што Ford ќе ги понуди само за европските купувачи.

Black Shadow ќе биде достапнен само за моделот Mustang GT кој има 5.0 литарски V8 мотор со 440 коњски сили, а Ford нуди четири бои за каросеријата (бела, жолта, црвена и сина). Една од разликите на оваа верзија се големите црни 19 инчни тркала, црното Mustang лого, црните детали на каросеријата, како и испакнатината на поклопецот за моторот.

Црната боја доминира во внатрешноста на автомобилот, а дел од богатата стандардна опрема се и врвниот ShakerPro аудио систем со 12 звучници, и последната генерација на мултимедијалниот систем SYNC3 со 8 инчен екран.

Со опцијата Blue Edition, Ford оддава почит на својата легендарна сина боја која на Mustang за прв пат се појави во 1969 година.

Покрај на Mustang GT, оваа боја ќе се најде и на послабиот модел кој има 2,3 литарски четири цилиндарски турбо бензински мотор кој испорачува 317 коњски сили. Овој модел, како што сугерира името, ќе биде достапен само во сина боја, а ќе има посебни 19 инчни тркала, и црна линија преку поклопецот на моторот и каросеријата.

Двете верзии на пазарот треба да се појават до крајот на годината.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе