Живот

Двејн Џонсон се ожени по 12-годишна врска

19. август 2019 - 15:06 | Б.С.Б.

Славниот актер се ожени по втор пат, тој стапи во брак со Лорен Хашијан по 12-годишна врска, на приватна церемонија на Хаваите.

Веста ја сподели со неговите обожаватели на Instagram. На една од фотографиите се гледа како Џонсон и неговата сопруга страсно се бакнуваат, додека на друга се прикажани со рацете кренати во воздух.

Џонсон и Лорен се запознаа во 2006 година, додека актерот го снимаше „The Game Plan“. Во тоа време беше оженет со првата сопруга Дени Гарсија со која се раздели во 2007 година и со која има 18-годишна ќерка. По разводот од првата сопруга, Двејн и Лорен започнаа врска. Во декември 2015 година го добија првото дете, ќерката Јасмин. Во април, 2018 година објавија дека добија уште една ќерка.

Џонсон редовно објавува фотографии со неговите ќерки, споделувајќи ги семејните моменти со неговите 154 милиони следбеници на Instagram.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

We do. August 18th, 2019. Hawaii. Pōmaikaʻi (blessed) @laurenhashianofficial @hhgarcia41

A post shared by therock (@therock) on

Коментирај