Фудбал

Џемаили: Не ни се допаѓа кога Михајловиќ е лут

2. декември 2019 - 18:29 | Ф.З.

Играчот од средниот ред на Болоња смета дека враќањето на Синиша Михајловиќ на клупата било клучно за победата на гости кај Наполи.

Екипата на Болоња направи големо изненадуивање викендот откако успеа среде Неапол да извојува победа против Наполи. А на клупата на „Рособлу“ седеше болниот Михајловиќ. Според Блерим Џемаили, токму тој бил клучот за успехот, а неговиот тежок каратктер ги плаши играчите па мкореаат да даваат сѐ од себе за да не го видат разлутен во соблекувалната.

„Иако имавме добра игра, освен кај Сасуоло и првото полувреме кај Бреша, недостасуваа резултатите во последните натпревари. Сега конечно ги добивме трите бода. Се гледа дека цела недела тренерот беше со нас бидејќи не е лесно да вратите од негатина на „Сан Паоло“. Во вториот дел на теренот излеговме со карактер. Друго е кога Михајловиќ е со нас, но ако се налути... Се надеваме дека малку ќе се смири бидејќи не ни се допаѓа кога е лут, тогаш е многу строг (се смее)“

Наполи поведе со голот на Фернандо Љоренте на четири минути пред паузата, но во вториот гол гостите од Болоња постигна адва гола и ја однесоа победата. Данскиот тинејџер Андреа Сков Олсен и Никола Сансоне беа стрелци на головите за гостите за кои Џемаили одигра 90 минути. Инаку, тој е роден во Тетово, но од 4-годишна возраст живее во Швајцарија за чија репрезентација и настапува.

Коментирај