Филм & ТВ

Џенифер Анистон го следи бившиот на Instagram, тој неа не

17. октомври 2019 - 11:45 | А.С.

Џенифер Анистон направи профил на Instagram и ја „преврти“ социјалната мрежа – го сруши светскиот рекорд за најбрзо време во кое еден профил добил 1 милион следбеници, односно го сруши Гинисовиот рекорд со „време“ од 5 часа и 16 минути.

Актерката веќе има 11,2 милиони следбеници, а нејзината прва објава – селфи со колегите од серијата „Friends “ – доби 12 милиони лајкови.

Речиси веднаш почнаа да летаат заследувања и коментари, што дури доведоа до технички проблеми и некои корисници не можеа да ја заследат Анистон.

Анистон следи 121 профил на Instagram, меѓу кои и бившиот сопруг Џастин Теро, но тој уште не ѝ возвратил.

Актерката објави и втор пост на Instagram, видео во кое погледнува во мобилниот телефон, а потоа нервозно го фрла. Инстаграмџиите веднаш се пошегуваа дека тоа е идеалната реакција кога гледаш дека бившиот уште ти нема направено follow back, а Анистон стави само краток опис на видеото: „Жими сѐ, не сакав да го срушам... Дала ви дечки за убавото, дефектно добредојде“

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

I swear I didn’t mean to break it... Thank you guys for the kind, glitchy welcome

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

Со ова Анистон секако алудираше на фактот дека „побарувачката“ за заследување на нејзиниот профил беше толку голема, што предизвика технички проблеми на Instagram и многу луѓе не можеа да ја заследат. Изгледа и Џастин Теро баш тогаш не можел да кликне follow back.

Двојката се венча во 2015 година и се раздели во 2018. 

Коментирај