Филм & ТВ

Џенифер Анистон: Многу мажи си мислат дека секоја жена сака да спие со нив

6. ноември 2019 - 19:16 | А.С.

Џенифер Анистон и Рис Витерспун ги играат главните улоги во новата серија на Apple + насловена „The Morning Show“.

Двете последен пат работеа заедно во популарната ТВ-серија „Friends“ каде играа сестри.

Џен и Рис, кои важат за „филмски миленички“, исто така се и продуцентки на проектот, со богато искуство во ова поле, со оглед на тоа дека и двете имаат свои продукциски куќи.

„Мора да ги смениме структурите на моќ. Самиот факт дека ние двете продуцираме сопствен материјал и дека нештата се подобруваат во поглед на еднаква родова застапеност во средини на моќ, тоа ќе спречи многу случаи на несоодветно однесување на работното место“, вели Витерспун во интервју за The Guardian.

„Апсолутно“, додава Анистон.

Новата серија во голема мера го опфаќа движењето #MeToo и начинот на кој мажите на позиција ја злоупотребуваат својата моќ за да им се наметнуваат на жени вработени под нив.

Витерспун ја нагласува комплексноста на давањето согласност за сексуално однесување и како една иста ситуација се гледа и доживува од два различни аспекти – двете засегнати страни.

„Постои едно апсолутно негирање  - ‘Беше со согласност, беше со согласност’ – кај многу мажи кои се нарциси до тој степен што си мислат дека секоја жена сака да спие со нив“, вели Анистон.

Серијата „The Morning Show“ веќе се емитува на Apple +.

Коментирај