Книги

Џ.К. Роулинг откри дека работи на нови книги

23. декември 2016 - 13:23 | Б.С.Б.

Познатата писателка Џ.К. Роулинг на Twitter откри дека работи на нови книги. Роулинг нема објавено роман уште од минатата година, кога ја објави книгата „Career of Еvil“, под псевдонимот Роберт Галбрајт.

Сега вели дека работи на нов роман, а покрај него ќе објави уште две книги. Не е познато кога книгата ќе биде објавена, ниту под кое име ќе излезат книгите.

Тоа што е познато е дека нема да има нови книги за Њут Скамандер, лик од „Fantastic Beasts“, туку само нови филмови.

 

Коментирај