Музика

Ед Ширан се врати: Слушнете ги двете нови хит песни

8. јануари 2017 - 13:13 | И.М.

По една година пауза, 25-годишниот пејач и текстописец Ед Ширан се врати на сцената со две нови сингл песни, кои веднаш станаа хит на социјалните мрежи и на радио станиците во светот.

Песните „Castle on the Hill" и „Shape of You" имаа премиера на BBC Radio 1 во петокот, по што веднаш се појавија на YouTube и сервисите за дигитален даунлоуд.

Објавени пред само два дена, песните „Castle on the Hill" и „Shape of You" се веќе на листите на најсимнуваните песни на iTunes и Spotify и имаат над 12 милиони преслушувања на YouTube.

Стилот на песните е поразличен од она што го знаеме од Ед Ширан, што покажува поинаква насока која што ја презема пејачот. 

Слушнете ја „Shape of You" која што Ширан првично ја напишал за Ријана, но решил да ја задржи за себе бидејќи повеќе му одговара на него:

Loading the player...

И вториот сингл, „Castle On The Hill“:

Loading the player...

И двете песни ќе бидат дел од третиот студиски албум на пејачот, насловен ÷ (Divide).

 

Коментирај