Еден ден по катастрофата на Нотр Дам: Ветени милиони за обнова, што понатаму?

Стотици милиони евра се ветени за помош за обнова на Нотр Дам откако катастрофалниот оган делумно ја уништи француската катедрала.

Пожарот, кој беше прогласен за целосно изгаснат околу 15 часа откако пламна, го уништи покривот на градбата стара 850 години и предизвика уривање на централната шилеста кула.

Но, пожарникарите кои работеа цела ноќ успеаја да ја спасат главната камена структура на париската знаменитост, вклучувајќи ги и двете кули.

Причината за пожарот сѐ уште не е јасна.

Канцеларијата на обвинителот во Париз соопшти дека во моментов се испитува како несреќа, при што официјални лица велат дека пожарот би можел да биде поврзан со обемните работи за реновирање.

Во меѓувреме, мислите се свртуваат кон тоа како католичката катедрала ќе биде повторно изградена.

Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе ја реконструира историската зграда, дури и кога огнот сѐ уште гореше, додека двајца француски бизнисмени до вторникот наутро ветија дека ќе дадат околу 300 милиони евра.

Понуди за помош во реконструкцијата доаѓаат од целиот свет, а претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ги повика земјите-членки на ЕУ да се обединат околу целта.

Што се случи?

Пожарот почна околу 18:30 часот и брзо стигнал до покривот на катедралата, уништувајќи го дрвениот ентериер пред да ја собори централната шилеста кула.

Се зголемуваа и стравувањата ќе бидат уништени и познатите кули на катедралата.

Но, откако во кулите почнаа неколку број пожари, францускиот министер за внатрешни работи, Лорен Нунс рече дека тие биле успешно запрени пред да се прошират.

До раните утрински часови во вторникот, пожарот беше прогласен дека е под контрола, додека пожарната служба на Париз соопшти дека е целосно изгаснат до 10 часот по локално време.

Еден пожарникар е полесно повреден додека се борел против пожарот, соопшти командирот Жан-Клод Галет за телевизијата БФМ.

Колкава е штетата?

Со првите утрински зраци врз главниот град на Франција, тимовите за пребарување веќе почнаа да ја проценуваат големината на штетата. На набљудувачите за првпат им беа откриени поцрнетиот камен на катедралата и изгореното скеле.

Според портпаролот на противпожарната бригада, полковник Габриел Плус, „целиот покрив е уништен … дел од сводот се урнал, шилестата кула повеќе не постои“.

Сепак, можеше да биде многу полошо. Нунс рече дека, ако противпожарните екипи не влегоа во зградата, „без сомнение ќе се урнеше“, објави францускиот весник „Ле Монд“.

Фотографиите изгледа покажуваат дека барем еден од прочуените розетни прозорци преживеал, но сепак постои загриженост за некои други витражни прозорци.

Франк Ристер, министерот за култура на Франција, предупреди дека додека главната структура била спасена, зградата сè уште била нестабилна.

Веќе се стравуваа за нејзината стабилност, откако во каменот се појавија пукнатини.

Делови од зградата беа под скеле како дел од реновирањата и минатата недела беа отстранети 16 бакарни статуи.

Што е следно?

Поединци и групи се мобилизираат за да помогнат во обнова на Нотр Дам. Веќе се ветени стотици милиони евра.

Милијардерот Франсоа-Анри Пино, претседател и извршен директор на групата Керинг која ги поседува модните брендови Гучи и Ив Сен Лоран, вети 100 милиони евра за реконструкција на Нотр Дам.

Во вторникот наутро беа ветени други 200 милиони евра од семејството на Бернар Арно и нивната компанија LVMH – бизнис империја која ги вклучува Луј Витон и Сефора.

Француската добротворна организација „Фондација ду Патримоан“ (Фондација за наследство) упати меѓународен повик за средства за катедралата, која е светско наследство на УНЕСКО.

При посетата на местото на настанот во понеделникот вечерта, Макрон – кој рече дека „најлошото било избегнато“ со зачувување на главната структура на катедралата – вети дека ќе почне меѓународна шема за собирање средства за реконструкција.

– Ќе ја обновиме оваа катедрала сите заедно и тоа е несомнено дел од француската судбина и проектот што ќе го имаме во наредните години, рече Макрон.

– Тоа е она што Французите го очекуваат (и) бидејќи тоа е она што го заслужува нашата историја, додаде тој, видливо емотивно, нарекувајќи ја „ужасна трагедија“.

Понуди за помош, исто така, доаѓаат од целиот свет, меѓу кои и од рускиот претседател Владимир Путин кој рече дека со задоволство ќе испрати експерти за да помогнат во обновувањето на катедралата.

Британската Влада, исто така, бара што може да стори за да помогне во нејзината реконструкција, според Ед Левелин, амбасадор на Велика Британија во Франција.

Шпанскиот министер за култура Хозе Гуирао, рече дека неговата земја, исто така, бара начини како да помогне – иако, додаде тој, „токму сега, пред сè, станува збор за морална поддршка, солидарност и од таму, се што им е потребно“.

Што е со скапоценостите на катедралата?

Тимовите за итни случаи успеале да ги спасат вредните уметнички дела и религиозни предмети, вклучувајќи го и она за кое се тврди дека е круната од трње што ја носел Исус пред неговото распетие, која се чувала во катедралата изградена во 12-тиот и 13-тиот век.

Туниката, за која се тврди дека кралот Луј Деветти ја носел кога ја донел круната од трње во Париз, исто така била спасена.

– Имавме синџир на солидарност, особено во спасувањето на уметничките дела … (Тие) можеа да се спасат и се ставени на безбедно место, рече градоначалникот на Париз, Ан Идалго. „Ова е трагедија за целиот свет … Нотр Дам е целата историја на Париз“.

Историчарот Камил Паскал за францускиот радиодифузер БФМТВ изјави дека е уништено „непроценливо наследство“. „Среќни и несреќни настани со векови беа одбележани со камбаните на Нотр Дам. Можеме само да бидеме вџашени од она што го гледаме“.

Како реагираше светот ?

Илјадници луѓе се собраа на улиците околу катедралата, набљудувајќи го огнот во тишина. Некои можеа да се видат како нескриено плачат, додека други пееја химни или кажуваа молитви.

Неколку цркви околу Париз заѕвонеа со своите камбани како одговор на пожарот, што се случува кога католиците ја слават Светата недела.

– Нотр Дам гори, Франција плаче и целиот свет, исто така. Премногу е емотивно, рече архиепископот на Париз, Мишел Опети.

Ватикан изрази „шок и тага“ додека британската премиерка Тереза Мај го опиша пожарот како „ужасен“.

УНЕСКО соопшти дека стои „на страната на Франција за да го спаси и да го врати ова бесценето наследство“ кое секоја година го посетуваат речиси 13 милиони посетители, повеќе од Ајфеловата кула.

Германската канцеларка Ангела Меркел Нотр Дам ја нарече „симбол на француската и европската култура“.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „ужасно да се гледа“ пожарот и предложи дека во гаснењето можат да се употребат „летачки танкери со вода“.

Во јасен одговор, француската служба за цивилна безбедност соопшти дека тоа не е опција затоа што може да предизвика уривање на целата зграда.

Поради пожарот, Макрон го откажа телевизискиот говор во кој требаше да зборува за уличните протести кои ја тресат Франција со месеци.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Свет

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе