Вчера попладне, околу 18.10 часот во село Батинци-скопско на ул. „7“ додека М.Н.(44) се движел со М.Ш.(51) со возило кон нив било пукано од огнено оружје од страна на Ш.А.(29) од село Батинци.
М.Н. се здобил со прострелни рани во пределот на раката, ногата и стомакот, и тој по првично укажаната лекарска помош во Поликлиниката Драчево, со брза помош бил пренесен во Ургентниот центар.
Причина за настанот била расправија која ја имале со семејството на Ш.А. истиот ден.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.