Монтевидео, 4 август 2019 (МИА) – Министерството за внатрешни работи на Уругвај соопшти дека заплени еден тон кокаин.
Дрогата распоредена во 817 пакети била пронајдена во Парке дел Плата, летувалиште во јужниот дел на земјата, околу 55 километри источно од Монтевидео.
Полицијата уапси тројца шверцери на дрога.
Запленувањата на кокаин во Уругвај, кој не е производител на кокаин, станаа сѐ почести во последните години.
Не е познато дали има поврзаност меѓу двата случаи.
Италијанецот Роко Морабито, познат како „Крал на кокаинот“ уапсен е во Уругвај во 2017 година, но кон крајот на јуни побегна од затвор во Монтевидео и се уште е во бегство.