Еден застрелан на протестите против Трамп во Портланд

Едно лице е застрелано во текот на протестите во Портланд против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, соопшти полицијата.Во соопштението се наведува дека тоа лице е застрелано на мостот „Морисон“, по кој маршираа демонстрантите.

„Сите веднаш мора да ја напуштат таа област“, порача полицијата на Twitter, повикувајќи ги очевидците да се јават. Исто така, соопшти дека за пукањето е осомничен маж Афроамериканец, во доцните тинејџерски години.

Протестите против изборот на Доналд Трамп за нов американски претседател продолжуваат трета ноќ по ред во неколку американски градови. Со паѓањето на вечерта, на улиците на Мајами, Атланта, Филаделфија, Њујорк, Сан Франциско, Портланд и Орегон излегоа илјадници демонстранти, кои протестираат против конзервативната реторика на Трамп во текот на кампањата за доселениците, муслиманите и жените.

Трамп во четвртокот ги осуди оние кои протестираат против него нарекувајќи ги „професионални демонстранти, поттикнати од медиуми“. Но само по девет часа ја пофали страста на демонстрантите кон САД и вети дека ќе ја обедини поделената земја.

„Ми се допаѓа тоа што малите групи минатата ноќ ја изразија страста кон нашата голема земја. Сите ќе се обединиме и ќе бидеме горди“, порача републиканскиот победник на изборите Доналд Трамп.

Демонстрантите против Трамп велат дека се загрижени оти во текот на неговиот претседателски мандат, кој започнува на 20-ти јануари 2017 година, ќе бидат нарушувани граѓанските и човековите права на Американците.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе