Една жртва во синоќешниот земјотрес во Босна и Херцеговина

Една девојка загина во синоќешниот земјотрес во Босна и Херцеговина кога голема карпа паднала врз нејзината куќа во Столац.

Таа била донесена во болницата во Мостар во тешка состојба и докторите не можеле да ѝ го спасат животот. Нејзините родители биле полесно повредени.

Силен земјотрес синоќа ја погоди Босна и Херцеговина во 23 часот и 7 минути, а епицентарот на потресот бил во Херцеговина, на 15 километри од Столац. Хрватската сеизмолошка служба информира дека земјотресот бил со јачина од 6,1 степени, а ЕМСЦ тврди дека земјотресот бил со јачина од 5,8 степени. Во наредните часови регистрирани се повеќе помали потреси.

Освен во Столац, пријавена е и материјална штета во Мостар каде што се урнал оџак, како и во Љубиње и Чапљина.

Корисниците на социјалните мрежи објавија и фотографии од помали одрони на некои патишта во Херцеговина кои наводно биле предизвикани од потресот.

Синоќешниот земјотрес со епицентар во Босна и Херцеговина беше почувствуван и во Северна Македонија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Словенија, Италија и Албанија.

По него, регистрирани се повеќе од 30 земјотреси со послаб интензитет во Херцеговина во текот на ноќта, покажаа податоците на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија.

Најсилниот бил утрово во 4:20 часот, кој бил со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала. Во 2:59 часот бил 4,3 степени, во 2:02 бил 2,6 степени, а во 1:55 бил 2,9 степени според Рихтеровата скала. Епицентрите на сите земјотреси биле кај Столац.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Регион

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе