Живот

Едноставни начини кои ќе ви помогнат да внесете позитивна енергија во домот

10. мај 2018 - 14:36 | М.Д.

Во некои станови и куќи едноставно владее негативна енергија. Таа не зависи од самите нас, но ова се ефикасни начини како да се ослободите од неа.

Ослободете се од нередот

Работи како што се стари списанија и нечиста облека можат да внесат многу негативна енергија во вашиот дом. Ослободете се од вишокот на работи, оние кои непотребно ви заземаат простор и не ви требаат. Масата нека ви биде чиста и уредна, а нечистите алишта чувајте ги во корпа. Потрудете се куќата да ви биде чиста, посебно влезот и влезната врата, за да може непопречено позитивната енергија да влегува во вашиот дом.

Преместете го мебелот

Важно е да се знае дека енергијата во просторот треба да се шири, а тоа не е возможно ако просторијата е блокирана од мебел.

Истурете сол

Истурете три до шест лажички сол по тепих од средна големина, почекајте еден час, а потоа исчистете ја солта. Кристалите сол имаат изненадувачка природна способност да ги неутрализираат негативните вибрации, пренесува порталот „Mystilcalraven“.

Внесете живи билки во домот

Билките донесуваат бои во домот, живот, кислород и позитивна енергија, па затоа потребно е да ги имате.

Внимавајте при декорација на домот

Избегнувајте теписи од животинско крзно или било какви украси од животни. Не е пожелно ниту да чувате вештачко или суво цвеќе во домот.

Коментирај