Фит

Ефективни тренинзи за работохоличари

29. август 2019 - 13:16 | М.С

Најчестиот изговор поради кој луѓето не одат во теретана е дека немаат време. Освен тоа, некои тврдат дека не сакаат, а некои дека веднаш добиваат воспаление на мускулите.

Времето е драгоцено, па дури и ако сте презафатени, може да најдете слободно време за тренинг. Фитнес тренерите велат дека треба да знаете како да го испланирате времето, но и тренингот да се вклучува во вашето темпо на живеење. За работохоличарите постојат неколку корисни тренинзи, во зависност од слободното време со кое располагаат.

10 минути HIIT тренинг

HIIT или високо интензивен тренинг, за кратко време согорува многу калории. Освен тоа го забрзува срцевиот пулс, но и метаболизмот кој ќе работи со еднакво темпо часови откако ќе ја напуштите теретаната.

20 минути јога

Јогата помага да се ослободите од стресот, го намалува чувството на тешкотија, помага да ги истегнете уморните и болни мускули. Праксата покажува дека освен наведеното ја зајакнува и конструкцијата на телото.

30 минути дигање тегови

Освен што е здраво за коските, верувале или не, дигањето тегови го поправа и расположението. Со дигањето тегови ќе поработите и на мускулната маса, а жените не мора да се плашат дека ќе го набилдаат телото затоа не произведуваат голема количина на тостестерон како мажите.

40 минути пилатес

Луѓето со години го обожаваат пилатесот со помош на кој го обликуваат целото тело и ги ублажуваат проблемите со зглобовите.

50 минути- џогирање во интервали

Трчајте со нормално темпо, а тогаш вклучете 30 секунди спринт. Така ќе согорите повеќе килограми, затоа што со 30 секунди спринт може да согорите еднаква количина како и со половина час аеробик тренинг.

60 минути- маратон

Не само што џогирањето е рецепт за долг и здрав живот, туку и е корисно за вашето ментално здравје.

Коментирај