Ракомет
КАДЕТСКО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО СКОПЈЕ 2019

Египет го освои светското кадетско првенство

19. август 2019 - 10:29 | Ф.З.

Во финалето на паркетот во Скопје Египќаните беа подобри од Германија откако претходно ја средија и Португалија во полуфиналето.

Изненадувачки крај на Мундијалот за играчи до 19 години кој се одржуваше во Скопје. Шампион е репрезентацијата на Египет која во големото финале синоќа во „Борис Трајковски“ ја победи силната Германија со 32:28, полувреме 19:13.

Ахмед Хешам и Хасан Валид постигнаа по 8 голови на финалето, а токму Валид заврши како најдобар стрелец на турнирот со 51 гол, два повеќе од нашиот Мартин Серафимов и Мохамед Мохамед од Бахреин. Хешам пак се закити со наградата за најдобар играч

Во битката за бронзата Данска беше убедлива против Португалија славејќи со 35:27.

Во Ол-стар тимот влегоја:
голман: Алделрахман Мохамед (Египет)
десно крило: Даниел Кечкеш (Унгарија)
десен бек: Мартим Кошта (Португалија)
централен бек: Лауриц Рејнхолт (Данска)
лев бек: Хасан Валид (Египет)
лево крило: Александер Рајман (Германија)
пивот: Том Бергнер (Германија)

конечен пласман:
1. Египет
2. Германија
3. Данска
4. Португалија
5. Унгарија
6. Франција 
7. Шпанија
8. Исланд
9. Јапонија
10. Хрватска
11. Шведска
12. Норвешка
13. Македонија
14. Аргентина
15. Словенија
16. Тунис
17. Бахреин
18. Тајван
19. Србија
20. Саудиска Арабија
21. Бразил
22. Чиле
23. Нигерија
24. Канада

Коментирај