Египет гради нов главен град

Египетската влада одлучила да изгради нов главен град во пустината, околу 45 километри југоисточно од Каиро, а Кина ќе го финансира поголемиот дел од трошоците, кои се проценуваат на 45 милијарди долари.

Веќе се започнати работите на 700 квадратни километри земјиште кое во моментот е во сопственост на египетската војска. Новата, засега неименувана престолнина, би требало да има до пет милиони жители, а оптимистичките прогнози велат дека ќе биде завршена до 2021 година.

Амбициозниот проект се чинеше невозможен за сиромашната арапска држава, сè додека во приказната не се вклучија кинеските финансиери.

China Fortune Land Development, кинеска компанија специјализирана за развој на недвижнини, во изградбата на новиот главен град на Египет ќе вложи 20 милијарди долари. Уште порано, во договор со кинеската влада, се обезбедени средства во висина од 15 милијарди долари, со кои ќе се финансира изградбата на комплексот за одржување на велесаеми, 14 владини згради и најголемиот конференциски центар во Африка. Објавено е дека наскоро ќе почнат преговорите околу изградбата на нов универзитет, што исто ќе го финансира Кина.

На местото на новиот град веќе се подигнати неколку стотина станбени згради, а пустината е преполна со работници кои забрзано градат патишта и останатата инфраструктура. Наводно е одбрано и местото на кое ќе биде подигната претседателската палата.

Одлуката за изградба на нова престолнина властите ја оправдуваат со големите гужви и инфраструктурата во распаѓање во Каиро, град во чија околина живеат дури 30 милиони луѓе, или третина од египетското население.

Египет не е првата држава што одлучи да изгради целосно нов град прилагоден на потребите на државната администрација. Истото го има направено Турција со Анкара, Индија со Њу Делхи и Бразил со Бразилија.

Приврзаниците на овој проект наведуваат дека новата престолнина ќе помогне да се намали невработеноста и да се зголеми ефикасноста на државната управа која брои дури седум милиони различни службеници, пишува USA Today. 

Во египетските медиуми се појавија и шпекулации за уште еден мотив за одлуката за преселба, што не се споменува во владините соопштенија. Во моментот, најголемата владина зграда, Могама, во која работат 30 илјади луѓе, се наоѓа баш на плоштадот Тахрир, кој во светските медиуми се појави како место на жестоки судири меѓу демонстрантите и владините сили за време на Арапската пролет. И останатите згради од државната управа се незгодно сместени во центарот на Каиро, па во случај на нови немири би можеле да бидат лесна мета за бунтовниците. 

 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе