Ф1

Еклстоун: Фетел има психолошка бариера од Хамилтон

10. април 2019 - 12:24 | МИА

Поранешниот главен извршен директор, а сега почесен претседател во Формула 1, Берни Еклстоун, смета дека пилотот на Ферари, Себастијан Фетел има психолошки проблеми во борбата против Луис Хамилтон од Мерцедес.

Германецот во неколку наврати направи грешки, кога се бореше со Британецот, вклучувајќи ја и последната трка за Големата награда на Бахреин.

– Многу размислував за ова, бидејќи сочувствував со Фетел. Пријател сум со него. Кога тој прави глупава грешка, тоа обично се случува поради присуството на Хамилтон во близина. Како да има психолошка бариера. Тој навистина сака да биде поуспешен од Луис. Во Бахреин, Фетел мораше да му дозволи на Хамилтон да вози за подоцна да нападне, бидејќи тој сè уште има побрз болид, изјави Еклстоун.

Сакам да го видам Себастијан на врвот. Тој има конкурентен автомобил и ја посакува титулата. Не сум сигурен дека психолог може да му помогне. Веројатно, Фетел очекува целосна поддршка од тимот. Сега веројатно мисли дека Чарлс ќе сака да го преземе водството. Таков развој на настаните нема да го прифати, додаде легендата во Ф1. 

Коментирај