LG наскоро ќе го претстави својот нов смартфон G5 со екран кој никогаш целосно не се гаси. Компанијата тоа официјално го потврди преку својот профил на Facebook, објаснувајќи дека екранот секогаш ќе го покажува часовникот, датумот и разните нотификации.
Најавите се дека тоа ќе функционира благодарение на OLED екранот, а ова нема да биде првпат да се употреби вакво нешто, бидејќи LG веќе експериментираше со имплементирање на друг панел во екранот на уредот V10.
Шпекулациите се дека G5 ќе има сосема нов дизајн, а новост е тоа што батеријата ќе може да се вади. Исто така, G5 ќе добие и сензор за отисоци од прсти.
Новиот смартфон на LG ќе работи на Android, а ќе биде претставен на 21 февруари.