Свет

Ексхумацијата на Франциско Франко закажана за во четврток

21. октомври 2019 - 15:36 | МИА

Мадрид, 21 октомври 2019 (МИА) – Шпанската Влада соопшти дека во четврток ќе ги ексхумира и префрли посмртните останки на некогашниот воен диктатор, генералот Франциско Франко.

Како што е соопштено, посмртните останки ќе бидат извадени од големиот мавзолеј во комплексот „Долината на паднатите“ надвор од Мадрид и со хеликоптер ќе бидат префрлени во дискретен гроб во близина на главниот град.

Постапката е одобрена откако Врховниот суд неодамна ги одби приговорите на семејството на Франко.

Владата се одлучи за ексхумација пред одржувањето на парламентарните избори во Шпанија на 10 ноември.

Злогласниот Франко владееше со Шпанија од 1939 до 1975 година.

Коментирај