Ексклузивен поглед на роверот Nokia кој ќе тестира 4G на Месечината

Nokia разви лунарен ровер кој ќе тестира 4G комуникација на површината на Месечината.

Додека светот го свртува своето внимание кон 5G технологијата, Nokia зазема поинаков пристап, истражувајќи го потенцијалот на 4G технологијата во вселената. На саемот MWC 2023, Nokia претстави лунарен ровер кој ќе тестира 4G комуникација на Месечината.

Иако се чини дека во споредба со 5G, 5.5G, па дури и со приказната за 6G технологијата, овој тип на поврзување губи важност, проектот на финската компанија претставува значаен чекор во развојот на решенија кои ќе бидат корисни во идните мисии во вселената.

Во 2020 година, НАСА ѝ додели на Nokia договор од 14,1 милиони долари за изградба на првата 4G LTE мрежа на Месечината, како дел од проектот во кој се вклучени различни компании за развој на технологии кои агенцијата може да ги најде корисни во мисии како што е Artemis.

Роверот Nokia оваа година ќе се најде на Месечината како дел од мисијата IM-2, која во вселената ќе ја испрати ракетата Falcon 9 на SpaceX, а лендерот Nova-C ќе го приземји сателитот на површината. По слетувањето, неопходно е да се воспостави комуникација помеѓу роверот и лендерот, а тоа ќе се одвива на фреквенција од 1.800 MHz.

Еден од предизвиците што Nokia сака да ги надмине се ограничувањата на покриеноста што не постојат на Земјата. Бидејќи висината на лендерот, во кој ќе се наоѓа базната станица, е само 4 метри, а Месечината е многу помала од Земјата, тоа значи дека сигналот ќе стигне до хоризонтот многу побрзо, оставајќи сè зад хоризонтот во „комуникациски мрак“.

Дополнително, екстремните услови на Месечината, кои вклучуваат екстремно високи и ниски температури, ќе ја тестираат издржливоста на опремата.

Remote video URL

Според главниот истражувач на проектот, Луис Маестро, мисијата се очекува да трае две недели, при што роверот ќе се оддалечи од лендерот на околу еден километар, а потоа ќе продолжи да се оддалечува за да го тестира досегот и опремата се очекува од Nokia да овозможи повисоки брзини на пренос од сегашните решенија на НАСА, односно до 50 Mbps кога станува збор за брзина на преземање.

Меѓутоа, бидејќи лендерот и роверот се напојуваат со соларна енергија, опремата ќе се исклучи во текот на лунарната ноќ, и иако научниците ќе се обидат повторно да воспостават контакт, тие немаат големи надежи дека таа ќе продолжи да функционира.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе