Експертите алармираат: Расте отпорноста на антибиотици

Брисел, 27 февруари 2019 (МИА) – Последниот извештај на Европската агенција за безбедност на храна и на Европскиот центар за превенција на болести, констатира зголемување на отпорноста на антибиотиците кај населението во ЕУ.

Според експертите, најмногу ефикасност губат антибиотиците за третирање на болести кои се пренесуваат од животни на луѓе, како салмонелозата и кампилобактериозата, а во одредени случаи лековите веќе воопшто не делуваат.

Повеќето земји членки на ЕУ констатираат дека салмонелата е сѐ поотпорна на антибиокот Флуорокинол, попознат како Ципрофлоксацин, алармираат авторите на студијата.

– Посебно загрижувачка е комбинираната отпорност, што значи дека дури и во слаби пропорции, илјадници пациенти во ЕУ имаат само ограничени опции на третман за сериозни инфекции, предупреди Мајк Кечпол од Европскиот центар за превенција на болести.

Според Европската Комисија, Извештајот, кој е обработен врз основа на податоците од 2017 година, е „причина за аларм“.

– Тој покажува дека влегуваме во свет каде обичните инфекции ќе станат тешко или воопшто неизлечиви, но сепак, амбициозни национални политики во некои земји кои ја ограничуваат употребата на антимикробиотици доведоа до намалување на отпорноста, изјави еврокомесарот за здравство Витенис Андриукатис.

Експертите ги поткрепија изјавите на комесарот со податоци дека земјите членки на ЕУ кои преземале строги мерки за спречување на отпорноста кон антибиотиците констатирале нејзино намалување.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Здравје

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе