Експертите ги избраа најдобрите мотори што ќе бидат застапени во новите автомобили во 2020 година.
Според анализата објавена во WardsAuto, дизел агрегатите и понатаму ќе имаат голема улога во автомобилската индустрија, додека дополнително ќе се развиваат хибридни системи.
Експертите сметаат дека најдобар мотор во модел за 2020 година е 3,0-литарскиот I6 во BMW M340i, со 387 коњски сили.
На втората позиција е погонската единица на Chevrolet Corvette Stingrey - 6,2-литарскиот мотор со 502 коњски сили.
На трето место е 2,3-литарскиот I4 турбо бензинец на Ford со 336 коњски сили.
На листата повторно се пласираше агрегатот на групацијата FCA, 3,6-литарскиот V6 Pentastar од пикапот Ram 1500 со 309 коњски сили и максимален вртежен момент од 365 Nm, опремен со хибриден систем eTorque со 48-волтен мотор-генератор.
Во поглед на дизел моторите, се истакна „шестката“ на General Motors – 3,0-литарскиот Duramax со 281 коњски сили и 624 Nm максимален вртежен момент што ќе се најде во пикапот GMC Sierra.
Експертите го истакнуваат и квалитетот на 2,0-литарскиот i-VTEC мотор на Honda со Atkinson циклус од моделот Accorda Hybrid со 215 коњски сили и максимален вртежен момент од 315 Nm.
Тука е и електричниот мотор во Kona Electric на Hyundai со 204 коњски сили и максимален вртежен момент од 395 Nm, како и 1,6-литарскиот T-GDI G4F турбо бензинец на моделот Sonata.
Свое место на листата си најде и 2,0-литарскиот VC-Turbo агрегат во Nissan Altima.