Двејн The Rock Џонсон го сподели првиот трејлер за комедијата „Baywatch“, базирана на истоимената популарна серија од 90-тите. Трејлерот ветува забавна комедија исполнета со многу згодни девојки и момци.
Двејн The Rock Џонсон, Пријанка Чопра, Зак Ефрон, Александра Дадарио и Кели Рорбах се главните улоги во филмското возобновување на популарната серија за спасувачи на плажа. Во филмот ќе се појават и Дејвид Хаселхоф и Памела Андресон, ѕвездите на старата серија.
Како што ни најавува трејлерот, оваа екипа ќе треба да направи сè за да ја спаси организација на спасувачи од заминување во историјата. Истовреме, двајцата главни момци ќе се впуштат во мисија која е многу повеќе од нивните спасувачки задолженија.
Режијата на „Baywatch“ е на Сет Гордон, човекот зад Horrible Bosses, Identity Thief и други комични проекти.
Премиерата е закажана за на 19 мај следната година, а во трејлерот погледнете што може да очекувате од филмот: