Екстремните студови на Балканот усмртија уште осум лица

Најмалку осум лица починаа вчера откако подрачјето на Балканот веќе неколку дена го зафатија обилни снежни врнежи и температури кои паднаа и под минус 20 Целзиусови степени.

Во Босна и Херцеговина се смрзнале три лица, а околу 50.000 жители на Зеница останале без греење поради дефект на железарницата „ArcelorMittal“ којашто на домаќинствата им обезбедува топла вода.

Тројца мажи во 50-те години од животот се смрзнале во Албанија, а тамошните власти во засолништата згрижиле неколку стотици бездомници.

Татко и син се смрзнале во Србија, а еден маж паднал во бунар и преживеал 52 часа на екстремно ниска температура пред да го спасат соседите, пренесуваат тамошните медиуми.

Илјадници луѓе се блокирани поради големите наноси од снег во ридестите централни и јужни региони на Србија. Вонредна состојба е воведена во единаесет општини.

Српските власти го забранија речниот сообраќај по смрзнатиот Дунав. Бугарија и Унгарија, исто така, воведоа забрани на нивните делови од реката поради опасните парчиња мраз кои се формираат во ракавите и устијата на притоките.

Во Турција едно лице загина а десет се повредени кога купола под тежината на снегот се урнала во џамија во Истанбул.

На северот од Грција температурите се спуштија до точката на смрзнување, што не е забележано уште од 60-те години на минатиот век. Од снегот се белеат и познатите споменици во Атина, како Партенон и Акропол кои се на атинските ридови.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе