Електричен Mustang - вистинска ракета

Додека Ford на големо работи на елекричен кросовер инспириран од познатиот Mustang, британскиот стартап Charge направи EV верзија на стандардната американска „muscle car“ икона.

Достапен во купе и кабриолет варијанта, Charge Mustang има класичен изглед на моделот од 60-тите години на минатиот век, но е опремен со најсовремена технологија.

Посебна приказна е погонот – во соработка со Arrival автомобилот има високотехнолошка единица од 64 kWh батериско полнење, но не се знае точниот број на електромотори.

Ова му дава моќност од 408 кс и вртежен момент од 1.200 Nm, како и забрзување од 0 до 100 км/ч за околу 3 секунди.

Charge Mustang наводно има автономија од 200 км, а може да се избере и опција со погон на четири тркала.

Овој Mustang исто така доби и луксузен кожен ентериер во кој има персонализирана дигитална контролна табла со голем екран за мултимедија.

Производството е ограничено на 499 единици со почетна цена од 230.000 евра, а ќе почне во септември, 2019 година.

Во меѓувреме, компанијата планира бројни тестови во метрополи како Лондон, Њујорк, Лос Анџелес, Токио и Шангај.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе