Електричниот Ford F-150 повлече 450 тони
Не е тајна дека Ford развива целосно електрична верзија на најпродаваниот камионет во САД, F-150. Компанијата за првпат покажа колкави се можностите на новиот прототип.
Ford тоа го демонстрираше со помош на железница и обични F-150 камионети. Во товарни вагони беа натоварени дури 42 примероци на F-150 од 2019 година, а вкупната тежина на композицијата беше околу 450.000 килограми. Зад воланот на електричниот F-150 седна главната инженерка Линда Жанг.