Електричниот мотоцикл на BMW ни дава нова визија за иднината

BMW постојано се надминува себеси, а овојпат отиде и чекор подалеку од очекувањата, создавајќи го Motorrad Vision DC Roadster – најоптимистичкиот проект на две тркала кој некогаш излегол од компанијата од Минхен.

Електричниот мотоцикл беше во плановите на BMW веќе неколку години, а неделава конечно имаме шанса да видиме како изгледа, преку извештаите и фотографиите кои ги сподели германскиот гигант.

Во трендот на електрификација на моделите кои излегуваат од компанијата, BMW го претстави Motorrad Vision DC Roadster, електричен концепт мотоцикл кој веќе изгледа подготвен да ги тестира асфалтните патишта. Како и со сите претходни концепти, BMW не даде детали околу спецификациите и карактеристиките на моделот, и тоа ќе остане така додека компанијата не ја направи конечната верзија на мотоциклот која ќе се појави на пазарот.

Електрификацијата на одделот мотоцикли BMW ја започна во 2014 година, преку практичниот скутер C Evolution, а оттогаш продолжи надградувањето и подобрувањето на овој модел. Но, германскиот производител сакаше поголеми и поамбициозни проекти за нивниот оддел на мотоцикли, па две години подоцна го претстави концептот Motorrad Next 100, кој изгледа како да е излезен од стрипови. Само една година подоцна, беше претставен Motorrad Concept Link, кој изгледаше како футуристичка верзија на C Evolution.

Последниот адут на BMW, наречен Motorrad Vision DC Roadster, изгледа како да е подготвен за пат уште денеска, иако во моментов е само концепт.

Вооружен со стил и иновативен дизајн, Vision DC Roadster е мотоцикл кој со сигурност ќе ве натера да се свртите по него кога поминува покрај вас, а притоа е вистински „магнет“ за љубителите на ѕверовите на две тркала од BMW.

До некаде сличен на претходните концепти, DC Roadster јасно дава до знаење дека е производ на BMW, но со една нова, свежа визија за иднината и за она на кое е фокусирана компанијата во наредните години.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Мотори

Прекрасниот скутер на Honda се врати и е електрифициран за XXI век

Read more

Harley-Davidson откри важен датум

Read more

AMB 001 Pro е новиот мотоцикл на Aston Martin

Read more

Ducati го претстави својот прв електричен мотоцикл

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе