Елена и Панчо го објавија спотот за песната „Како да се радувам“

Заедничката песна на Елена Ристеска и Панчо од ДНК, насловена „Како да се радувам“ доби и спот кој денеска беше објавен. Станува збор за нумера која е дел од новиот албум на Ристеска, насловен „Без шминка“.

На спотот се работеше неколку дена, а се снимаше во познатото казино „Фламинго“ во Гевгелија.

Режијата е на Бане Поповиќ и „Томато продукција“, а во него покрај Панчо и Елена се појавуваат и нашата преубава манекенка Симона Станковска, манекенката од Србија, Марија  Марковиќ, а улога има и Зоки - Свила.

„Песната „Како да се радувам“ е една од новите песни која се наоѓа на мојот последен албум и по неговата промоција веќе ми беше јасно дека мора да се снимиме спот за неа. Се надевам дека публиката ќе ужива, а впрочем ова е и мој подарок по повод денот на жената 8 Март“, изјави Елена.

И познатиот аренби артист и диџеј не го криеше задоволството од соработката со Елена.

„Со Елена многупати сме разговарале за соработка и конечно се случи. Јас уживав во снимањето на песната, а исто така и додека го снимавме спотот. Нека биде исто така оваа песна и спот подарок од мене за сите припаднички на понежниот пол“, изјави Панчо.

За спотот да изгледа така како што изгледа заслужни се и Даниел Николовски, Мила Кадриу и „Фешн Груп“.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=TOWWrLMQevg]

 

реклама

МК сцена

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more

Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика

Read more

ДНК собраа 690.000 денари за лекувањето на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе