Стил

Елизабет Харли изгледа одлично и во шестата деценија

3. декември 2019 - 12:47 | Б.С.Б.

Британската актерка и модел Елизабет Харли и во шестата деценија има со што да се пофали.

Актерката уште еднаш покажа дека има привлечно тело преку фотографиите што ги објави на социјалните мрежи.

Освен што се бави со дизајн на костими за капење, Харли учествува и во кампања за рак на дојката.

„Повеќе од 25 години се обидувам да ја подигнам свеста за ракот на дојката“, изјави Харли во гостувањето на емисијата This Morning.

Со новите атрактивни фотографии во бикини 54-годишната Елизабет повторно ги  одушеви обожавателите на Instagram, кои ѝ поделија многубројни комплименти.

 

Коментирај