Милано, 23 ноември 2019 (МИА) – Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер и го одигра целиот меч за Наполи вечерва на гостувањето кај Милан. Средбата заврши нерешено 1:1, а Елмас во финишот доби жолт картон.
Стрелеци на головите беа Ирвинг Лозано за Наполи во 24-тата минута и Џакомо Бонавентура за Милан во 29-тата.
По 13 натпревари Наполи има 20 бода за во моментов 7-мото место во Серија А, додека Милан со 14 бода е на 13-тата позиција.