КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Елмас не тренира со полн интензитет, Адеми неизвесен

Македонскиот фудбалски национален тим вчеравечер го одржа својот прв тренинг во Варшава, во пресрет на гостувањето кај Полска во меч од квалификациите за Европското првенство.

Селекторот Игор Ангеловски му даде одмор на Езџан Алиоски, кој според најавите, денеска треба да почне со тренинзи, а поради повреда не тренираше ниту Аријан Адеми, чиј настап на ова гостување е неизвесен. Веројатно утре ќе се знае дали играчот на Динамо Загреб ќе може да игра, или ќе треба да се бара некое друго решение за пополнување на средниот ред. Елмас и Николов не тренираа со полн интензитет.

За разлика од мечот со Словенија, против Полска на располагање е и дефанзивецот Бејтулаи кој ја одлежа суспензијата.

Иако и третото место би било успех, бидејќи досега „црвено-жолтите“ никогаш не биле ниту трети, сепак, желбата е да се биде втор. Тоа нема да биде можно ако екипата на селекторот Игор Ангеловски загуби утре од Полска.

Полјаците имаат пет, а Австријците два бода повеќе од нашата репрезентација, па борбата за првите две места во групата ќе трае до крајот на циклусот.

На 10 октомври на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје, со двата гола на Елиф Елмас во второто полувреме Македонија оствари одличен резултат против незгодната Словенија освојувајќи важни 3 бода на патот кон ЕУРО 2020.

Врвен шпански судија ќе ни суди против Полска

Дуелот помеѓу фудбалските репрезентации на Полска и Северна Македонија закажан за утре во Варшава, ќе го суди еден од најдобрите шпански, па и европски судии, Антонио Матеу Лахоз.

Матеу Лахоз е делегиран од страна на УЕФА да ја дели правдата на овој меч кој е многу важен за „црвено-жолтите“, но и за Полјаците кои со победа, ќе обезбедат место на ЕП 2020. Тој досега ѝ нема судено на македонската репрезентација.

Овој 42-годишен арбитар цела деценија редовно ги суди дербијата во шпанската лига, судеше на ланското Светско првенство во Русија, а во мај годинава го повикаа да суди на дербито од ерменската лига, бидејќи клубовите Пјуник и Арарат немаа доверба во домашните судии.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе