Фудбал

Елмас повторно погоди од позади гол

9. октомври 2019 - 17:15 | Ф.З.

Удар со еве е специјалност на Елиф Елмас, а тоа го покажа и на утринскиот репрезентативен тренинг.

Откако на тренинг на Наполи погоди од далечина, но малку зад гол, овој пат Елиф Елмас ја затресе мрежата од неверојатен агол, многу подлабоко зад голот кон кој целеше. Тоа се случи утринава, на тренингот на нашата репрезентација пред утрешниот важен натпревар против Словенија.

Факт е дека ваков гол на натпревар не се дава, но зборува за тоа со каква техника располага нашиот вундеркинд.

Коментирај