Вести

Елон Маск: Прототипите за Starship ќе полетаат до крајот на август

7. август 2019 - 10:05 | А.С.

Два одделни прототипа на ракетата Starship на SpaceX најверојатно ќе бидат подготвени за полетување до крајот на август, откри главниот извршен директор на компанијата, Елон Маск.

Според објавите на технолошкиот гигант на Twitter, едниот, а можеби и двата орбитални прототипа за Starship ќе бидат подготвени за лансирање месецов.

SpaceX моментално има два тима што работат на прототипите за Starship, еден во Бока Чика, а другиот во Кокоа, Флорида.

Маск во јули рече дека прототипите ќе бидат готови „за два-три месеци“, па најновото соопштение дека може да бидат готови до крајот на август укажува дека компанијата работи сериозно пред крајните рокови.

Коментирај