Елон Маск загуби 770 милиони долари по презентацијата на електричниот пикап

Акциите на компанијата Tesla, вчера пред затворање на берзите поефтинија за шест отсто, откако претходно беше претставено новото теренско електрично возило Cybertruck, пишува Forbes.

Како резултат на тоа, вредноста на акциите во сопственост на Елон Маск, основач на компанијата, се намали за 768 милиони долари, или тие сега вкупно вредат 23.6 милијарди долари.

Демонстрацијата на футуристички дизајнираното возило не помина во најдобар ред и инвеститорите не беа убедени во успешноста на проектот.

За време на презентацијата, Маск го повика конструкторот на автомобилот, Франц фон Холцхаузен, да прикаже колку е отпорно возилото со пад на тешка метална кугла врз предното стакло. Но, кога куглата го удри пикапот, стаклото се скрши. Маск потоа изјави дека не знае зошто, и вети дека Tesla ќе го исправи тоа.

Презентацијата на Cybertruck беше во Лос Анџелес. Шасијата на теренското возило е направена од една парче легура изработена од суперцврст ладновалан челик, а стаклата се бронирани.

Презентацијата вклучуваше и тест со удари на тежок чекан кои не нанесоа штета на возилото.

Автомобилот ќе се продава во три модели. Најевтиниот ќе чини 39.000 долари, цената на двомоторниот модел е 49.000 долари а на тромоторниот – 69.000 долари. Производството е планирано да започне при крај на 2021 година. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе