Филм & ТВ

Елтон Џон: Римејкот на „Lion King“ е огромно разочарување

17. октомври 2019 - 11:12 | А.С.

Легендарниот музичар Елтон Џон не е задоволен од играната верзија на анимираниот класик од 90-тите, „Lion King“.

Во интервју за GQ британскиот музичар го критикуваше римејкот на Disney, нарекувајќи го „огромно разочарување“, особено во поглед на музиката.

„Новата верзија беше огромно разочарување за мене, сметам дека музиката е целосно промашена. Музиката беше огромен дел од оригиналот, а во оваа верзија не го дава истиот впечаток“, изјави Џон.

„Ги нема магијата и радоста.“

Тој исто така се осврна на комерцијалниот успех на саундтракот, нагласувајќи дека оригиналната музика за „The Lion King“ имала далеку поголем успех во 1994 година.

„Саундтракот ни оддалеку не го постигна успехот што го имаше оригиналниот саундтрак на топ листите пред 25 години. Толку брзо го снема од листите, иако филмот беше успешен на киноблајагните“, рече Џон.

Елтон Џон комонираше и изведе неколку песни за оригиналниот анимиран филм од 1994 година, како „Circle of Life“ и „I Just Can’t Wait to Be King“.

Во новата верзија, за музичкиот дел беа ангажирани ѕвезди како Фарле Вилијамс, Бијонсе и Доналд Гловер.

Коментирај