Филм & ТВ

Ема Вотсон е распеана Бела во клип од „Beauty and the Beast“

9. јануари 2017 - 12:00 | И.М.

За време на церемонијата за доделување на Златните Глобуси беше објавен нов краток ТВ спот од долгочекуваниот филм на Disney, „Beauty and the Beast“.

Базиран на истоимениот анимиран филм, трејлерите и тизерите ветуваат дека ќе биде многу верен на оригиналниот материјал. Во новиот ТВ спот се слуша познатата музика и песна од анимираниот филм, овојпат испеана од Ема Вотсон.

Премиерата е закажана за 17 март 2017 година, а во главните улоги се појавуваат Ема Вотсон, Ден Стивенс, Ема Томпсон, Еjaн Мекрегор и други. 

Погледнете го спотот:

Loading the player...

 

Коментирај