Еминем со новиот албум „Kamikaze“ ги надмина легендарните АББА и Лед Цепелин

Американскиот рапер, Еминем, деветти пат по ред, благодарение на својот нов албум „Kamikaze“, се најде на првата позиција на британската листа на најуспешни албуми, па на тој начин ги надмина музичките великани АББА и Лед Цепелин.

„Дали ова значи дека од сега можам да се викам Сер Еминем?“, се запраша 45-годишниот музичар од Детроит, кога од британскатата дискографска индустрија му беше соопштена оваа вест.

Еминем, досега заедно со шведските поп ѕвезди и легендарните британски рокери, беше израмнет со осум последователни албуми на позицијата број еден, а сега успеа да оствари историски успех.

Лед Цепелин овој успех го остварија уште во далечната 1979 година, додека на групата АББА тоа им успеа три години подоцна, поточно во 1982 година.

Претпоследниот албум на Еминем под назив „Revival“, беше објавен минатата година. Тој доби многу негативни критики, но сеедно се искачи на првата позиција, кога е успехот на британските албуми во прашање.

На големо изненадување на сите негови обожаватели, само осум месеци после споменатиот албум, славниот рапер објави уште еден албум - „Kamikaze“. И го повтори успехот во Британија, деветти пат по ред.

Еминем во својот нов албум повторно ги обработува своите омилени теми: Зборува за критичарите, колегите од музичкиот свет, како и за американскиот претседател Доналд Трамп.

„Да се објават девет успешни албуми е достигнување кое зборува само за себе, но да се биде број еден со секој од нив, и тоа последователно, во период од 18 години, тоа е нешто феноменално“, изјави Мартин Талбот, извршен директор на компанијата која ја води официјалната британска листа на музички албуми.

Во продолжение преслушајте го новиот албум на Еминем:

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе