Македонија

Емирот на Катар во посета на Македонија

17. октомври 2011 - 8:37 | Макфакс

Емирот на Катар, Шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија, на покана на претседателот Ѓорге Иванов, информираат од неговиот кабинет.

Предвидено е на денешната средба меѓу Ал Тани и Иванов да бидат разгледани билатералните односи меѓу двете држави, а ќе бидат разменети и мислења за ситуациите во регионот, на блискиот Исток и Северна Африка, како и регионот на Балканот.

Особен акцент, како што информираат од кабинетот на Иванов, ќе биде ставен на развојот и унапредувањето на економските односи меѓу двете држави, односно зголемување на трговската размена, како и можноста за директни катарски инвестиции во македонското стопанство.

Во рамки на посетата ќе бидат потпишани вкупно 10 договори во областа на економијата, здравството, културата и образованието.

Утре Ал Тани ќе се сретне со премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Коментирај