Емотивен проштален говор на Обама: Демократијата е на испит

Американскиот претседател Барак Обама, во својот проштален говор, изјави дека САД се соочуваат со голем испит за својата демократија, а Американците ги повика да се борат за американските вредности и да ја отфрлат дискриминацијата.

„Демократијата бара чувство на солидарност. И покрај разликите, во ова сме влезени сите заедно. Се воздигнуваме и паѓаме како еден“, истакна Обама во својот емотивен говор, на моменти и низ солзи.

Обама кој претседателската функција ја вршеше во два мандати потенцираше дека Америка е „подобра и посилна“ од пред осум години кога стана претседател.

„Да, ние тоа го направивме“, кажа Обама, алудирајќи на паролата „Да, ние тоа го можеме“, која ја кажа во ноќта кога победи на изборите.

Претседателот во заминување својот говор го одржа пред 18.000 луѓе во родниот град Чикаго, каде во 2008 година ја прослави победата на претседателските избори.

Тој се осврна и на борбата против тероризмот, наведувајќи дека биле елиминирани илјадници терористи, меѓу кои и Осама бин Ладен.

Обама ги повика луѓето да бидат внимателни, но да не се плашат.

„Исламската држава ќе се обиде да убива невини луѓе. Но тие не можат да ја поразат Америка, а тоа единствено може да се случи ако не го почитуваме нашиот Устав и нашите принципи во борбата“.

На ривалите Русија и Кина, Обама им порача дека не можат да се мерат со влијанието кое Америка го има во светот.

На незадоволството од публиката што Доналд Трамп ќе ја преземе власта, Обама кажа: „Не, не, не, не. Мирниот пренос на власта помеѓу претседателите е заштитен знак на американската демократија“.

Сепак тој предупредил дека постојат работи кои и се закануваат на американската демократија, меѓу кои се економската нееднаквост и расната поделба.

Во говорот тој низ солзи им се заблагодари на ќерките и сопругата Мишел, која ја нарече „мојот најдобар пријател“.

Обама му се обрати и на потпретседателот Џозеф Бајден, истакнувајќи дека него прв го одбрал кога стапувал на функцијата е дека тоа е најдобриот избор кој го направил. На Американците им порача дека секој ден од нив учел нешто ново.

„Направивте да бидам подобар претседател, подобар човек“, заклучи Обама.

Барак Обама на 20. јануари ќе му ја предаде функцијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе